Популарниот пејач Саша Ковачевиќ веќе пет години е во хармонична врска со поранешната мисица Зорана Тасовац, која претходно беше во брак со Богдан Срејовиќ, поранешното момче на Светлана Цеца Ражнатовиќ. Овој пар ужива во љубовта и планира свадба, а со ќерката на Зорана, Искра, Саша изгради одлична врска.
Поп пејачот Саша Ковачевиќ и поранешната мисица Зорана Тасовац важат за пар кој не е поврзан со скандали и живее заедно идилично, без премногу да се експонираат во медиумите. Пејачот повеќе сака да ја задржи интимноста само за нив двајца, но сега направи исклучок и призна дека се во фаза на подготовка за венчавката.
– Јас и Зорана живееме како да сме во брак. Нашата свадба ќе биде интимна, на егзотична локација далеку од Србија. Хартијата не ми е важна, но планирам да се оженам секако – изјави Саша за српски „Информер“.
Објасни дека Искра, ќерката на Зорана, ја гледа како свое дете.
– Искра е моја ќерка, така ја доживувам од првиот момент. Јас не сум нејзин биолошки татко, но ја нарекувам мое дете. И утре кога ќе имам биолошки деца, Искра ќе ми биде прво дете. Може да ме вика како сака, но избра да ме вика „папа“ – гордо вели Саша.
Во едно од претходните интервјуа пејачот истакна дека среќата што ја нашол покрај Зорана со ништо не би ја менувал.
– Таа ја разбира мојата работа и тоа е нормално. Она што не одржува е дефинитивно љубовта на прво место, како и сè што оди со неа, што е важно за да успее врската. Што се однесува до мене, оваа врска најмногу ми се допаѓа од кој било сегмент и навистина не би ја менувал за ништо – изјави Саша во една прилика.
