
По големиот претходен хит на групата “Експлозив” за песната “Земи го”, овојпат тие се јавуваат со уште еден хит, песната со наслов “Џек пот”. Неодамна оваа група снимија и видео запис за нивната најнова песна, за
која најавуваат дека ќе биде истот така слушана како и претходниот хит. На македонската музичка сцена “Експлозив” егзистираат скоро 15-тина години, а пејат буквално се што е барано од нив.
-Се работи да се усреќи некоја девојка. Така е наведено во текстот, од страна на нашиот текстописец Љупчо Василев од Струмица. Музиката е наша па со помош на Љупчо и наша дојде до една ваква песна. Имаме и специјален гостин, маестро Џамбо кој свири на труба. Мислиме дека треба да биде добро сето тоа , па народот е тука да каже, вели Себо член од групата.

Видео записот за “Џек пот” се снимаше во просториите на ИН продукција, а во спотот се појавуваат и девојки од модното студио “Шанел”.
Од група “Експлозив” очекуваат оваа песна да постане доста голем хит, нешто слично како и претходната.
