Препејувањето на песните доведе до негативни ефекти

Please follow and like us:
Pin Share

 

Препејувањето на македонските песни кое во последниов период зеде се поголем замав резултира со негативни резултати. Речиси секој втор пејач или група се јавува со кавер верзија на некоја македонска песна

која веќе е создадена од дамнина па сега повторно се препејува. Сето тоа доведе со бришење на јутјуб каналот на дуплите верзии.  Исто така како главен проблем е фактот што некои снимаат од телевизија и снимката ја прикачуаат на овој канал, кој по автоматизам ја препознава песната како дупликат и ја брише.

Ваквата појава се случува и кога еден пејач ќе сними видео запис за некоја песна па ќе го прикачи на јутјуб каналот кој тоа видео го препознава како нелегално, бидејќи некој друг претходно го заштитил на овој канал.

Помеѓу другото, проблем се јавува и во аудио студијата во нашата земја, кои работат нелегално и користат нелегални ритмови или семплови при снимањето, кои потоа се детектираат како претходно веќе објавени.

Како резиме од ваквата ситуација може да се извлече податокот дека треба во голема мера да се промени совеста во македонските музички правци, особено музичарите да посветат поголемо внимание кон  создавање на новокомопнирана македонска музика, а не да се враќаат назад со препејување на песни кои некој веќе ги направил хитовски и оставиле голема трага во македонската музика.

Please follow and like us:
Pin Share