Според момците од Медиум бенд, нашите иселеници во странство повеќе ја ценат македонската музика. Тие имаат голем број настапи надвор од земјава. Неодамна беа ангажирани на неколку прослави во Австрија и Германија, а веќе имаат понуда и за Швајцарија.

Покрај ангажманите во нашата земја, младите момци од Медиум бенд, често настапуваат и надвор од Македонија поточно во Европските земји. Според нив, македонците кои живеат во странство повеќе ја бараат и ценат македонската песна.
-Македонската музика е прифатена насекаде и кај нас и во странство, но нашите иселеници коишто живеат во странство секако повеќе копнеат за нашата македонска музика и некако е поприфатена таму, дефинитивно. Бевме во Австрија, Германија, имаме сега понуда и за Швајцарија. Пред скоро време бевме и во Белград, промовиравме и таму една наша песна.-истакнаа од бендот при неодамнешното гостувањет во ИН Продукција.

Тие деновиве во студиото на ИН Продукција ја промовираа нивната авторска песна со наслов “Немој да се враќаш”. Станува збор за љубовна песна на која како композитор се потпишува Никола Ѓеоргиев, а е снимена во студиото на Александар Ѓорѓевиќ во Кавадарци.
