Македонија е клекната на колена на културно ниво. Ова го истакна композиторот и музичар Бобан Мојсовски при неодамнешното гостување во емисијата Промо. Според него застапеноста на македонската музика на медиумите во нашата земја е доста слаба.

Познатиот композитор и музичар, Бобан Мојсовски при гостувањето во ИН Продукција истакна дека застапеноста на македонската музика на медиумите во земјава е доста слаба.
Според него, Македонија е клекната на колена на културно ниво.
-За да уништиш еден народ, треба да му го одземеш фолклорот и да му ја одземеш културата, а македонската музика е културата и духот кај македонецот. Ако македонската музика ти ја избришеш од медиумите и ја снема, многу е лесно после да не зазеде дали србин, дали бугарин, дали грк, било кој наш сосед којшто ќе ни промовира негова музика и многу лесно ќе не придобие и загрози музички. Многу треба да внимаваат политичарите дека Македонија е падната на колена највеќе на културно ниво, односно во духот кај музиката. И сиве овие години е за жал така, јас се надевам дека некој ќе стави прст на чело, ќе се свести и малку повеќе ќе се ангажира медиумски почнувајќи од главниот македонски национален медиум МРТ, па сите други, да повеќе и повеќе се презентира фолк музиката и општо македонската музика.-вели Мојсовски.

Кога станува збор за свеста кај нашите македонци за негување на македонската песна, вели дека проблемот е токму кај младите луѓе бидејќи тие не ја бараат македонската музика.
-Жалосно е тоа што еве ние сме нон стоп на свирки низ Македонија, младите често бараат стари македонски песни коишто сеуште се и биле некогаш хитови. Зошто да неможеме новосоздадена македонска песна да ја направиме хит?! Затоа што немаме доволно промоција и медиумски простор.-додава тој.
Наместо во шоу бизнисот и на телевизиите да бидат главни музичарите или актерите, во нашата земја главни актери се политичарите што според него е доста погрешно.
