И покрај тоа што има 39 години, Антонија Шола сеуште изгледа бомбастично. По фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, може да забележиме дека времето за неа како да застанало.

„Волим осмјех твој“, е песната по која најмногу ќе ја паметиме хрватската пејачка и композитор Антонија Шола, која ја испеа со нашата музичка легенда Тоше Проески.
Шола денес има 39 години, но речиси е истата таа шармантна, харизматична и убава девојка која плени со својата појава.

Таа е доста активна на социјалните мрежи и објавува доста фотографии од своето секојдневие, а на истите може да се забележи дека за Шола како времето да застанало.

Покрај дуетот со Тоше, сигурно се сеќавате и на нејзината актерска улога во хрватската серија „Забранета љубов“.
Инаку, Шола во својата кариера се потпишува на многу песни од албумите на: Здравко Чолиќ, Оливер Драгојевиќ, Нина Бадриќ, Тијана Дапчевиќ и многу други.

