
Музичарите, медиумите но и политичарите се главните креатори и виновници за тоа во кој правец оди македонската песна. Ваква констатација изнесе музичарот и долгогодишен член на групата “Биоритам”, Цане Петров, при гостувањето во ИН продукција. Тој додава и тоа дека на некои медиуми дури повеќе се застапени гостувања на пејачи надвор од нашата земја, поточно соседството.
-Што се однесува до македонската музика има многу критики. И до музичарите и до политичарите би рекол и до медоумите. На доста медиуми имаме премногу гостување од сосседството, додека е помалку застапена македонската музика. Сега, во последно време веќе малку почнаа повеќе да ги им тие македонски песни, но сепак ударните термини не се застапени нашите песни, вели Цане.
Што се однесува пак до неговите колеги , музичари Цане истакнува дека тие се под влијание на нашите медиуми кои постојано ги форсираат странските песни, а со самото тоа македонската музика , како што вели е тргната понастрана.
-И покрај тоа што гледам дека многу музичари , многу пејачи се трудат, снимаат, работат и на крајот испаѓа дека нема каде да ги пласираат тие свои спотови и песни. Едно време имаше Закон за субвенции, кој што на крајот испадна дека и тие снимени спотови нема каде да ги пласираат, затоа што веќе другите телевизии си имаат свои програми, така што сето тоа беше тешко, додава Цане.
Неодамна Цане го промовираше неговиот најнов солистички проект под наслов “Македонска магична гитара”, каде станува збор за десетина одбрани инструментални песни , отсвирени од негова страна на гитара.
