
Гоце Петрески –бананата кој во периодов престојува во Македонија, при гостувањето во ИН продукција најави брзо снимање на нова песна, а веднаш потоа и видео запис. И покрај долгиот период каде живее и работи во Австралија, Гоце успева неколку пати во годината да дојде во Македонија за да оствари свои работни проекти на музички план.
-Каменот си тежи на местото. Кога ќе си дојдеме тука има нешто што не трга , што не влечи да си дојдеме тука. Имаме нешто тука што не трга, што не влечи. Скоро секоја година по еднаш, два пати си доаѓам во Македонија, вели Гоце.
Како што истакнува Гоце, тој постојано рботи, било да е тоа во Австралија или пак овде во Мкаедонија.
-Таму сум веќе поголемиот дел од животот. 24 години сум во Австралија, поголемиот дел од животот го поминав таму. Таму ми е фамилијата , круг на пријатели, роднини што се најдовме после некое време, но присутен сум и тука, додава Гоце.
Што се однесува до неговите професионални музички ангажмани, тој истакна дека го комплетира новиот албум за кој има доволно песни.

-Го комплетирам албумот. Имам веќе доволно песни. Последната песна е снимена сега пред извесно време. Дојден сум тука, сето тоа да се направи во една целина. Да се реализира, промовира колку што имаме време и се надевам дека ќе биде прифатено од гледачите, од тие што слушаат тава музика, вели Гоце.
Инаку Гоце Петрески-бананата познат е во македонската музичка сцена со големите хитови кои ги отпеа во 90-те години, како “На свадбата твоја”, “А јас останав”, “Не губи време по мене”, а најповеќе по песната која го доби својот надимак, “Три кила банани”.
