Оркестар Маестрал ги промовираа двете нови песни “Господ внук ни подари” и “Благослов за Анастасија”. Песните се наменски и се посветени на две внучиња од нивни блиски пријатели од Австралија.

Од две Австралиски турнеи се вратија со две нови наменски песни. Оркестар Маестрал во студиото на ИН Продукција премиерно ги претставија песните “Господ внук ни подари” и “Благослов за Анастасија”.
-Имаме две наменски песни и двете песни се снимени за две фамилии кои важат за наши блиски пријатели. Едните се во Мелбурн фамилијата на Мирче, песната е за нивната внука Анастасија, а другата песна е за исто наш добар пријател и човекот кој направи се за последната наша турнеја, тоа е Јонче Велјаноски. Таа песна пак, е снимена за внукот на Јонче и носи наслов “Господ внук ни подари”. Значи, двете песни се наменски и се строго наменети за наши блиски пријатели од Австралија.-истакна Иле, вокал на Оркестар Маестрал во интервјуто за ИН ТВ.

Како текстописци на новите песни се потпишуваат Александар Џепоски и Бале Соколоски, а музиката и аранжманот на двете песни ги направија членовите на Оркестар Маестрал.
-Едната песна е снимена минатата година, за дочекот на 2019-та, а втората песна е снимена пред скоро време. Требаше да се сними кога се вративме од турнејата во Австралија, затоа што на крштевката беше првпат отсвирена таму, меѓутоа кога си дојдовме во февруари започна карантинот и полицискиот час поради коронавирусот, не најдовме соодветно време за да се заврши таа работа, па сега пред Нова Година моравме да ја снимиме и втората песна. Како што велат надежта последна умира, моментално ситуацијата гледаме каква е, но со Господ напред се надеваме дека за Велигден или после Велигден дека можеби ќе се случи некое чудо и ќе се вратиме во некоја нормала.-вели Иле за гледачите на ИН ТВ.

