Горан Божинов сними спот за неговото првенче “Печалбарска судбина”

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачот Горан Божинов сними спот за првата песна со наслов “Печалбарска судбина”. Видеото се снимаше во Истибања, Оризари и Кочани, во соработка со ИН Продукција.

Горан Божинов деновиве во соработка со ИН Продукција го сними спотот за неговото првенче кое носи наслов “Печалбарска судбина”. Како што открива и самиот наслов, станува збор за песна со печалбарска тематика која раскажува доста емотивна приказна.

-Песната е насловена Печалбарска судбина, а е комплетно дело на Ѓеорги Арсов од Делчево од Модерато бенд, тој ги направи музиката, текстот и аранжманот. За да биде онака како што сакам, ни беше потребна подготовка од два месеци. Од сите кои веќе ја слушнаа песната добив само пофални зборови.-изјави Божинов за естрадниот магазин Естрада плус.

Снимањето на спотот се одвиваше на повеќе локации во Истибања, Оризари и Кочани, поточно во родниот крај на Горан, а во видеото се вклучени и членови на еден од најпознатите Фолклорни Ансамбли во Македонија, Ансамблот “Китка”.

-Се надевам дека ќе биде добро прифатена од публиката и се ќе биде во најдобар ред. Во видеото се појавуваат неколку членови на Фолклорниот Ансамбл Китка од Истибања предводени од господинот Стојко Митковски, голема Благодарност до него за несебичната поддршка за реализација на мојот спот.-додава тој.

Љубовта кон музиката започнала уште од најрана возраст, а Горан открива дека талентот за пеење е наследен од неговата мајка и баба.

Please follow and like us:
Pin Share