“Мераклиско оро” е насловот на првото авторско дело на кларинетистот Бобан Илијевски. Орото го промовираше деновиве во студиото на ИН продукција, а со оглед на тоа што станува збор за убаво и весело музичко дело, се надева дека ќе успее да ја расположи јавноста во празничните денови.

Музичарот Бобан Илијевски кој свири на кларинет, во студиото на ИН Продукција го претстави неговото прво авторско дело кое што е насловено “Мераклиско оро”. Како што вели во интервјуто за ИН ТВ, идејата за овој проект е негова, а со помош на неколку негови колеги.
-Така е, ова е мое прво авторско оро во кое што вложив многу труд, се надевам дека ќе им се допадне на публиката. Станува збор за едно убаво оро кое што ќе ги расположи во овие празнични денови. Идејата за реализиција на ова оро е моја, со помош на колегата Мухамед Реџепоски кој го направи аранжманот. Во орото се вклучени уште двајца колеги кои се потрудија добро да отсвират, Дарко Вретоски и Ристе Трајаноски. Благодарност до целата екипа која што работеше на “Мераклиско оро”.-истакна Илијевски, за естрадниот магазин Естрада плус.
Бобан е презадоволен од крајниот резултат и од тоа како звучи “Мераклиско оро”, а како што открива подготовката на орото траело околу два месеци.
-Сега сме во тежок период и затоа се потрудивме на публиката да и подариме нешто ново. Да внесеме малку позитивна енергија за време на претстојните празници и Нова година, така да се надевам дека ќе уживаат во нашето дело.-додава Бобан, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Бобан важи за доста искусен музичар кој со музика професионално започнал да се занимава уште од 15 годишна возраст. Илијевски долги години соработува со Мега бенд, со кои имаат остварено бројни настапи ширум цела Македонија.
Во продолжение уживајте со “Мераклиско оро” !
