“Случајно” е насловот на новата песна од Боби Амадеус

Please follow and like us:
Pin Share

Боби Амадеус има одлична песна. “Случајно” е насловот на нумерата која што е работена со врвни музичари од српската сцена.

Бобан Зафировски, познат на јавноста како Боби Амадеус ја промовираше неговата нова песна насловена “Случајно”. Песната е на српски јазик, а како што открива Боби во интервјуто за ИН ТВ, истата е работена со еминентни автори од Србија.

-Можам да кажам дека песната е најнова, помина година дена откако ја сработив. Насловот на песната е Случајно и навистина се испадна случајно. Ја работев во Белград со познати еминентни имиња и автори. Музиката ја работеше Сале од Тропико бенд, имав чест текстот да ми го напише Драган Брајовиќ Браја, аранжманот е на Милан Раѓен многу познат аранжериста во круговите на српската естрада, а миксот го направи Енџи Мавриќ.

 Целта ми беше најпрво јас да се исполнам самиот себе, српскиот пазар е преголем и сакам како сите Македонци кога ќе одиме во некоја друга држава да си ја претставам пред се прво Македонија. Песната е снимена на српски, да се претставиме дека ние може да знаеме да пееме српски и сакав да ја промовирам секаде. Текстот беше на српски и имав желба ете така да ја претставам во Гранд  и да направам видео. Морам да кажам дека поради ситуацијава не успеав да го остварам тоа, аудиото веќе една година така стои. Бидејќи се е минливо, се надевам дека и ова ќе помине и ќе го направам видео записот.-изјави Боби за естрадниот магазин Естрада плус.

Покрај песната “Случајно”, Боби во студиото на ИН продукција ја претстави и песната “Македонска свадба”. Станува збор за песна која што ја отпеале со Група Амадеус во 2010-та година пред да заминат на Австралиска турнеја, но сега тој ја направи со помодерен аранжман.

За следниот период најавува уште доста новитети.

Please follow and like us:
Pin Share