Премиер бенд и Мите Стоилков ви подаруваат одличен музички проект

Please follow and like us:
Pin Share

Добро одбрана музика во проектот на Премиер бенд и Мите Стоилков. Како што велат во интервјуто за ИН ТВ каверите ги работеле во изминатите неколку месеци, а за следниот период најавуваат уште неколку нови музички проекти.

Мите Стоилков и Премиер бенд во студиото на ИН Продукција претставија убав музички проект, а нивната цел е преку добро одбрана музика да допринесат за убаво и весело расположени на сите гледачи. Проектот се состои од неколку кавери на познати хитови и неколку авторски песни на Мите.

-Имаме неколку кавери што ги направивме годинава и ете можам да кажам дека од оваа година сме заедно со Премиер бенд. Значи станува збор за некои кавери кои ќе ги слушнете наскоро, а кој ги подготвувавме во изминатиот период. Секако дека спремаме и многу нови проекти и песни, се надевам дека ќе имаме понатака. Претставив и неколку мои авторски песни, така да, се надевам дека ќе им се допаднат на публиката.-истакна Стоилков во интервјуто за ИН ТВ.

Тие се надеваат дека овој проект ќе има голема гледаност бидејќи како што велат Премиер бенд нудат нешто доста квалитетно.

-Ние пред да започне корона кризата започнавме да работиме заедно на неколку проекти, па поради ситуацијата престанавме, па периодов повторно почнавме да работиме на неколку наши кавери и се надеваме дека во скоро време ќе излезат уште неколку нови. Овие што ги претставуваме сега снимени се веќе пред една година, но ете сега дојде време да ги претставиме и во ИН ТВ.-додава Мите за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Премиер бенд на македонската естрада опстојуваат веќе долги 20 години и се доста успешни. Тие важат за едни од најбараните бендови и музичари во нашата земја.

Please follow and like us:
Pin Share