Даниела задоволна од Велигденскиот проект

Please follow and like us:
Pin Share

Големи пофални зборови и воодушевеност изразува фолкерката Даниела Темелковска од неодамна сработената Велигденска емисија во соработка со ИН продукција. Таа е задоволна од целиот овој проект и најавува уште поголеми понатамошни соработки.

-Бидејќи проектот се работеше во село Куратица, во ресторанот “Дедо Димо”, тоа е местото каде што јас во принцип сите мои спотови ги реализирав токму во тоа место. Сцената беше феноменална , гости, колеги, колешки и баш бевме сите Велигденско расположени, како што нас во суштина тоа и ни е професија, истакнува Даниела.

Според концептот на оваа Велигденска програма беа предвидени по три староградски песни.

-Се потрудив она што мислам дека и е омилено на публиката , то и да го презентирам, така да мислам дека и самите гледачи ќе бидат задоволни од она што го презентирав, вели Даниела.

По Велигденските празници Даниела како и сите останати музичари има полна работна агенда, а најавува и снимање на нов нејзин маетирјал.

Please follow and like us:
Pin Share