Туше најавува снимање на два видео записи

Please follow and like us:
Pin Share

По неодамнешната турнеја во Шведска , Благојче Стојаноски Туше веќе се подготвува за неговиот следен настап, надвор од нашата земја. Како што истакнува неговиот претходен настап во Трелеборг бил убаво прифатен , како и неговите песни кои се доста барани и надвор пред нашите иселеници во дијаспората. Следно што ќе биде од Туше е настап за најголемиот хирстијански празник Велигден.

-Заврши оваа турнеја во Шведска. На 13ти април заминува за Австралија. Останувам пет недели , се враќам од прилика околу 20-ти мај. Планови наредни ми се со ИН продукција снимање на два спота, најмалку. Летото имам тука ангажмани низ Македонија, свадби, крштевки , соло настапи по летувалиштата во Преспанскиот крај, вели Туше.

Благојче покрај својата соло кариера, бележи заеднички настапи и со ресенската група “Персиди”, кој нагласува дека имаат одлична соработка.

-Со нив почнав да работам, уште од моите почетоци со “Дуо Персиди”. Двајца од нив беа со мене цело време. Работевме 7-8 години. Патиштата не разделија , јас заминав за Австралија да живеам, тие останаа со групата. Работам со “Персиди” во последно време свадби, секакви настапи. Работам со секоја една група која што ќе се понуди или ако треба јас да ги ангажирам, додава Туше.

Во изминатиов период Туше бележи и заеднички , дует песни со Адријана Кеш и Менде Куноски од групата “Алтернатор”, кои воедно беа и дел од нивниот Новогодишен проект кој го изработија со ИН продукција.

Please follow and like us:
Pin Share