Тејлор Свифт неочекувано во кантри кафуле одржала мал концерт

Please follow and like us:
Pin Share

Познатата поп пејачка Тејлор Свифт, неочекувано се појавила во кантри клуб во Нешвил и одржала краток велигденски концерт пред 40-тина нејзини фанови.

Тејлор Свифт денес е глобална поп икона, но покажа дека не ги заборавила своите кантри корени.

Таа неочекувано се појави во кафулето „Блубирд“ во Нешвил, каде што била откриена, одржувајќи краток велигденски концерт пред 40 среќни фанови, кои таму се затекнале. Свифт притоа изведе неколку свои рани хитови, а беше придружувана од кантри пејачот и композитор Крег Вајзмен, кого го запознала како тинејџерка.

Сакав да му кажам големо благодарам на ‘Блубирд‘. Секој музичар од овој град ќе се согласи со моите чувства дека ова е уникатно место“, кажа Свифт, добивајќи стоечки овации од публиката.

Свифт (28) почнала да пишува песни откако нејзиното семејство се преселило во Нешвил, кога таа имала 14 години.

„Тука научив многу за тоа како се пишуваат песни. Една од првите лекции ми беше дека сѐ што треба на една песна се три акорди и едноставен концепт“, вели Свифт.

Please follow and like us:
Pin Share