“Моја Долна Реко” е насловот на новата песна на Дарко Стојаноски за која што сними и спот. Снимањето се одвиваше во Регионот на Долна Река, а во соработка со ИН Продукција.

Познатиот пејач Дарко Стојаноски деновиве во соработка со ИН Продукција сними спот за неговата најнова песна “Моја Долна Реко”.
Видеото се снимаше во Регионот на Долна река во Дебарскиот крај, а истото помина во една одлична атмосфера.
Песната и спотот Дарко ги најави пред само краток период во неодамнешно интервју за ИН ТВ.
-Сега подготвувам уште една нова песна, а се надевам дека за “Сонцето од Кутлеш” ќе успеам да доснимам уште една строфа и да ја докомплетирам, па ќе снимаме за неа спот. Новата песна “Моја Долна Реко” ќе ја промовирам заедно со спот, здравје Боже прво да ја снимиме. Музиката за оваа песна ја направив јас, тука се јавувам како автор, текстот е на Драган Матески кој е автор и на “Сонцето од Кутлеш”, а аранжманот е на Љупчо од Студио Анастасија.-изјави Дарко за естрадниот магазин Естрада плус.

Стојаноски вели дека очекувањата се големи и се надева дека песната ќе биде добро прифатена од народот. Спотот се очекува да излезе во најскоро време, а ќе биде премиерно прикажан на Сателитската ИН Телевизија.
