Настапот на Џон Леџенд со посвета растажи многумина

Please follow and like us:
Pin Share

Познатата манекенка Криси Тејген и нејзинит славен сопруг, пејачот Џон Леџенд, неодамна го изгубија бебето додека Криси беше во средината на бременоста.

 

Во Лос Анџелес беа одржани познатите музички награди „Billboard“, а еден од највпечатливите настапи го имаше токму Џон Леџенд.

Носеше бел костим, седнат зад клавирот и ја изведе нумерата „Never Break“ која ѝ ја посвети на сопругата Криси.

Стиховите од неговата песна гласат: „Никогаш нема да се скршиме, доволно силни да останеме, никогаш нема да се скршиме, како што водата се крева, а планините се тресат, нашата љубов ќе остане“.

Додека пееше Леџенд се забележаа неговите силни емоции, додека водителката на настанот, Кели Кларксон испрати емотивна порака до него и неговата сопруга.

Инаку, Џон Леџенд од 2013 година е во брак со моделот и ТВ ѕвезда Криси Тајген со која ја има ќерката Луна и синот Мајлс.

Please follow and like us:
Pin Share