Талентираниот музичар и пејач, Садан Муслиоски во интервју за ИН ТВ раскажува за неговите почетоци во музичките води. Тој вели дека професионално со музика се занимава веќе 15 години, а во моментов е дел од групата “Садо”. Но, покрај со САДО тој започна да работи и на неговата соло кариера.

Садан Муслиоски важи за одличен вокалист кој покрај со пеење се занимава и со свирење клавијатура. За естрадниот магазин Естрада плус тој раскажува за неговите почетоци во музичките води и открива дека талентот е наследен од неговиот татко, кој свирел бас-гитара.
-Околу 15 години работам професионално со музика. Сега сум дел од групата “Садо” со мојот чичко Башким Муслиоски. Јас талентот го имам наследено од мојот татко, тој е бивш бас-гитарист во групата “Ѕвезди”, но тој за жал повеќе не се занимава со музика. Исто и мојата мајка е доста талентирана, таа не пее, но пишува доста текстови и за мене и за мојот чичко и за многу други пејачи од нашиот крај. Покрај тоа што сум дел од групата “Садо”, сакам да си направам и соло кариера.-истакна Муслиоски во интервјуто за ИН ТВ.

Садан вели дека во неговото студио се работи на неговите нови авторски песни кои треба да излезат во најскоро време.
Меѓудругото, тој во интервјуто проговори и за коронакризата, односно за нивните изгубени свирки со група Садо. Иако нивните ангажмани биле во голем број, Садан вели дека не оствариле ниту еден настап и откажале буквално се.
-Работам на повеќе мои авторски песни во моето студио во Лабуништа. Моментално подготвувам уште една моја самостојна.
А кога станува збор за ангажманите со група “Садо”, искрено би сакал да кажам дека многу ни фалат тие настапи и изгубивме доста свирки, многу откажавме на самиот почеток на коронавирусот, имавме доста настапи на семејни прослави кај нас. Откажавме буквално се, не направивме ниту една свирка.-додава тој за Естрада плус.
Садан Муслиоски деновиве го објави спотот за неговата прва песна со наслов “Сирак”, песна во која се раскажува доста тажна приказна на едно момче кое уште од мали нозе било оставено од својата мајка. Видеото се снимаше на повеќе локации во Охридскиот регион и Лабуништа, а спотот го изработи ИН Продукција.
