Популарната македонска водителка Викторија Петровска го привлекува вниманието каде и да се појави – овојпат ужива во летните денови на прекрасните црногорски плажи, објавувајќи фотографии во бикини кои предизвикаа бројни позитивни реакции од нејзините следбеници.

Познатата дама со беспрекорен стил и шарм, не останува долго на одмор – веднаш по престојот во Црна Гора, Викторија заминува за Охрид, каде ќе го води јубилејното издание на музичкото шоу „Имат Немат“.

Водителката со години наназад е заштитно лице на емисијата, а нејзиното присуство секогаш внесува енергија и елеганција. По снимањето, Викторија планира да го продолжи летниот одмор токму на охридските плажи, спојувајќи работа и задоволство во најубавиот македонски туристички бисер.


