Јубилеен спектакл на ИмаТ немат – 5 години музика, емоции и смеа во срцето на Охрид!

Please follow and like us:
Pin Share

Најгледаното музичко шоу кај нас, ИмаТ немат, ова лето слави пет години постоење, и тоа со гала концерт што ветува незаборавна вечер за сите генерации!

📅 Овој четврток, 17 јули, пред платото на хотел Палас – на самото охридско шеталиште, ќе се случи голем јубилеен настан, кој ќе ги собере најдобрите гласови, најубавите емоции и највеселата публика!

🎶 Темата на вечерта е: Староградска вечер – со познати и незаборавни песни кои не враќаат во најубавите времиња. Подгответе се за музички времеплов исполнет со душа и традиција.

⭐ Ќе настапат над 20 врвни изведувачи:

  • Елена Велевска
  • Елена Андоновска
  • Благојче Стојановски – Туше
  • Група Чардак
  • Василија Петрова
  • Сања Здерал
  • Дани Даниела
  • Гоце Петрески
  • Група Оскар
  • Ташко Каранфиловски
  • Марјан Коцев
  • Татјана Стефановска
  • Гости од Германија, Австралија и други држави

🎤 И многу, многу други изненадувања!

🤣 За хуморот и добрата енергија ќе се погрижи Жанко ЗШ, кој ветува смеа до солзи и незаборавни моменти!

📍 Местото е магично – охридското пристаниште, каде вечерната атмосфера и музиката создаваат совршен спој.

🎟️ Влезот е бесплатен! Понесете добро расположение, повикајте ги семејството и пријателите и бидете дел од оваа голема музичка приказна!


Организатор и покровител: Општина Охрид
Продукција: IN Продукција

Please follow and like us:
Pin Share