Зорица Дончев ужива на грчките плажи – Погледнете ја фолк убавицата во костим за капење!

Please follow and like us:
Pin Share

Фолк пејачката Зорица Дончев деновиве максимално ужива на заслужен одмор на грчките плажи, а фотографиите кои ги објави на социјалните мрежи предизвикаа лавина реакции! Убава, насмеана и зрачи со самодоверба – а сите со еден коментар: „Какво тело, а мајка на две деца!“

Зорица без дилема важи за една од најзгодните фолк пејачки на сцената, а нејзините обожаватели уште еднаш имаат причина плус да ѝ се воодушевуваат. Иако е позната по хитовите и по својот глас, нејзиниот изглед често станува тема и во медиумите.

Популарната пејачка ја паметиме по песната „Слободна“, која стана препознатлив дел од нејзиниот репертоар и хит на забавите, а наскоро повторно ќе ја видиме на сцена – и тоа на јубилејот на едно од најгледаните музички шоуа „ИмаТ немаТ“, кое ќе се одржи на 17 јули, на охридското шеталиште пред хотел Палас.

Публиката со нетрпение очекува нејзиниот настап, а Зорица, освежена од одморот, сигурно ќе донесе уште повеќе енергија на сцената!

Please follow and like us:
Pin Share