Слушајќи го ” Аманетот ” на Давид Темелков татне Македонија во дамарите на македонецот

Please follow and like us:
Pin Share

Чување на коренот, изворот, гнездото од кое пораснал , пиел, се родил е неговата заклетва, ветување, давање збор – АМАНЕТ. Искажан  преку мајчината музика, татковинската песна. Давид Темелков ја интерпретира со чиста љубов, од душа, со подадено срце кое бие забрзано. И Давидовото  и нашето,  додека пее, дури го слушаме. Неговото битисување , секој миг од посоењето, е со почит и слава кон Бога. За дарот што му го дал, свесен дека мора многу да работи за да го исполни очекуваното. И работи, во периодов максимално насочен кон албумот ” Аманет ” кој ја носи силината на песните што ги создал македонецот, некогаш одамна, да живеат и денес , но и како музички тестамент на Темелков за оние кои ќе се родат во времето после нас. Слободата и краснотијата на уметничката душа дишат во аражманите на Александар Јовевски надополнети со визиите и емоциите на Давид.

И токму тие слични погледи на двајцата артисти кон конечниот музички производ  ги ” облекоа” Елено ќерко” , ” Кога падна на Пирина” и ” Налеј, налеј” во нежнотија, посебност, ментална убавотија, од која се кострежат коски. Овие три песни се само дел од албумот ” Аманет ” кој ќе излезе наскоро или поточно тогаш кога секоја песна која е планирана да се најде во него , ќе си ја добие замислената става и лик. Во меѓувреме Темелков е на постојана релација Македонија – Хрватска. Благодарение на неговата песна, глас, харизма прифатен , слушан , почитуван и надвор од родината. Со телото е таму но со душата секогаш овде, оти каменот си тежи на местото. Никој од нас не знае каде ќе не однесе животот, под кое небо ќе се будиме и заспиваме , но должност на секој македонец е Македонија да си ја носиме во нас засекогаш и да ја раскажуваме со огомна почит и љубов, како што тоа го прави Темелков. Со “Мојата Македонија” ја гушна татковината најсилно.

Please follow and like us:
Pin Share