Македонското талент шоу ги ретчи круговите кој оди, кој останува ..

Please follow and like us:
Pin Share

Во 19 емисија од македонското талент шоу за третиот круг вокално се борат двајца кандидати. Кристијан Пешовски од Скопје и Стефан Младеновски од Куманово. Млади и зрели во години , професионално надвор од музиката но со срце длабоко во неа. Нивното пеење  и сценскиот настап го оценуваа тројца музичари , кои се во оваа бранша долги години. Дарко Стојаноски   омилениот кичевски бисер  кој секогаш знае како да ги насочи и посоветува натпреварувачите, благодарение на огромното акомулирано искуство меѓу публиката , а кон кандидатите по кој знае кој пат ја потврди благоста во зборот. За прв пат во жири комисијата беше и пеачот кој  годинава го одбележува своето музичко полнолетство, 18 години со песната,  вокал кој е повеќе од одличен Мартин Стојаноски  пеач и фронтмен на битолски “Алтернатор”. Конструктивен и директен во коментарите, со совети кои ќе ги исчеличат кандидатие да бидат се подобри и посигурни на сцена при секој следен настап. А Мартин знае како е да си слободен, сигурен , свој . Најискусниот во години беше гостиварчанецот кој музичките анали ќе го запишат како првиот тапанар на групата “Ареа”, Драган Матески.Секогаш советодавен со примери од неговиот музички пат. Тој беше и во втората сезона во неколку наврати дел од жирито. Како гости со повод ИН Продукција ја покани групата  “Алтернатор” која одбележува 30 години од основањето. Пред публиката си спомнаа за времето минато   но многу повеќе за последните 3 години и активностите во тековниот период. Уште една убава емисија во името на македонската музика и песна. Премирно ја гледаме во сабота на ИН ТВ почеток во 14.00 часот.

Please follow and like us:
Pin Share