Женска топ со ” Тик Ток “

Please follow and like us:
Pin Share

“Јас сум женска топ и можеш да ме гледаш само на Тик Ток”. Рефрен од најновата песна и спот на Сузана Гавазова. И баш е топ и атрактивна и  жена која знае што сака,  артист роден за предизвици, новини, секогаш доминантна со својата појава , смела и сигурна во она што го одбирa и работи. Препознатлива по  специфична боја на глас, на свои 40 и кусур има лиена става и одличен изглед. Се што е потребно за сцена. Со сите овие карактеристики ќе гори “Тик Ток” од Сузана Гавазова.  Најновиот видео запис за истоимената песна кој деновиве се снимаше од страна на долгогодишниот соработник на Гавазова, човекот кој се потпишува зад голем број на нејзини спотови  Ване Петкоски . Ова е втор спот кој го снимаше Сузана за неполн месец со охридската ИН Продукција. На 20 март во етер беше пуштен спотот за “Далавера” а вечерва само 14 дена подоцна и “Тик Ток”. Видео во кое доминира струмичанката со сите свои атрибути , движења, фантастичен стајлинг, моќна, своја, поразлична од сите во пристапот и крајниот производ. И секогаш чекор напред во се . Насловот на песната нагoвестува дека е наменета да ” запали ” кај помладите кои се заразени со Тик Ток . Автор на текстот е Орце Зафировски , за изгледот на Сузана беше ангажиран врвниот стилист Стојан Сотјански и неговиот тим. Ретко па дури и воопшто не се случило помеѓу нашите фолкери и пеачи воопшто , некој да промовира 2 спота за 2 недели. Нека се пее, снима , создава. Останува на публиката да види и оцени , спотот премиерно беше  пуштен вечерва во 20.00 часот на ИН ТВ. Среќно Гавазова со ” Тик Ток” и честитки на сите кои се дел од сработеното.

Please follow and like us:
Pin Share