Македонското талент шоу го затвори списокот на кандидати за третиот круг

Please follow and like us:
Pin Share

Со последните кандидати Славица Танева Анева од Штип и Христијан Алексоски од Прилеп заврши вториот круг од македонското талент шоу. Од следната недела ги гледаме натпреварувачите во третиот круг, во кој критериумите за да се продолжи понатаму ќе бидат повисоки, бидејќи до финалето можат само најдобрите. Во оваа 20 емисија жири комисијата повторно е составена од Дарко Стојаноски , Мартин Стојаноски и Драган Матески, кои работата си ја завршија најпрофесионално, исто како што тоа го прават години наназад со песната. Весела емисија  која  во ревијалниот дел ни ја носи песната на Дарко Стојаноски . Покрај него ќе го видиме  и младиот гостиварчанец Јовица Николоски. Македонското талент шоу е под капата ИН Продукција и ИН ТВ, а главен помагател во шоуто е светскиот брeнд на произвотство на камп приколки “Majestic Caravans” кој повеќе од 20 години е лидер на пазарот, со седиште во Австралија. Во сабота во 14.00 часот премиерно ја гледаме 20 -тата емисија на ИН ТВ, а од 18.30 и на ТВ Сонце.

Please follow and like us:
Pin Share