После навистина долго време, македонска музичка ѕвезда одржа концерт за кој се бараше и карта повеќе, и истовремено се покажа дека и со македонска музика која е изворна и од каде потекнуваат нашите корени може да се наполни сала, и да се одржи емотивен и до перфекција организиран концерт.
Лени Партикова вчера вечер во Домот на културата „Иљо Антески-Смок“ во Тетово им покажа на сите колеги како тоа вистински се прави.
После одличната и неколку месечна најава за овој голем и прв солистички концерт на оваа наша македонска музичка ѕвезда, дојде и тој ден 30-ти март кога и беше најавен долгоочекуваниот, а и долгоорганизиран концерт кој со нетрпение сите го очекуваа. И за разлика од останатите македонски музички имиња кои кога организираат било каков настан, концерт или промоција во друг град нас новинарите не не покануваат или тоа го прават ради реда, Лени со својот организациски тим нас новинарите одлично не пречека. Со превоз организиран само за нас, пред и по концертот бевме тие кои беа на прво место. И покрај тоа што бевме неколку новинарски екипи (додека останатите медиуми селективно се однесуваа), оваа позната македонска музичка ѕвезда покажа како треба да се однесува кон седмата сила. Вистински професионалец.
Околу 19 часот и 30 минути започна првиот солистички концерт на Лени Партикова. На сцената се појави групата „Круна“ со која и започна концертот. А веднаш потоа се појави младата и неочекувано добра водителка Милена Илиовска која е поетеса и книжевник и која всушност го даде воведниот дел и меѓудругото прочита авторска емотивна песна посветна на нашата Македонија. Заслужено аплаудираше преполнетата сала на „Иљо Антески-Смок“, за веднаш потоа со зурли и тапани на сцената се појави ѕвездата на вечерта, Лени Партикова, која концертот го започна со песната „Запејте сите ангели“. Емоции кои може само да се доживеат, тука нема прераскажување.