Карлеуша ја нападна Анастасија Ражнатовиќ: „Не го лажи народот дека си го откажала настапот поради здравствени причини, ОВА е вистината!“

Please follow and like us:
Pin Share

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, викендов требаше да настапи во германскиот град Есен.

Неколку часа пред настапот на Анастасија и се слошило и не се чувствувала добро, па го откажа настапот а својата публика со жалење ја извести на социјалната мрежа Инстаграм.

Во врска со овие случувања се огласи вечната ривалка на семејството Ражнатовиќ, Јелена Карлеуша.

„Не лажете го народот повеќе! Како не ви е срам да лажете? Ова е не-фер кон целата музичка сцена! Пишувајте за стотина пејачи кои заслужиле за нив да се пишува, кои вчера растурија и ги наполнија клубовите! Не за оние на кои им се слошило од 30 продадени карти.
Платени текстови за некој што не би можел ни во првиот круг во ‘Ѕвездите на Гранд да помине’ ,не можат да помогнат. Едноставно, доста е со фарса“, напиша Карлеуша во свој стил објавувајќи го коментарот на Инстаграм.
Please follow and like us:
Pin Share