Сакаше да се тепа со Мајк Тајсон, потоа извади и пиштол, а Челичниот направи необичен потег (Видео)

Please follow and like us:
Pin Share

Легендарниот боксер Мајк Тајсон без негова вина се најде во центарот на еден инцидент. Тајсон бил гостин на еден стендап настап во еден клуб, кога неочекувано пред него се најде еден човек.

Агресивниот човек почна да го провоцира Тајсон и да го предизвикува да се тепаат. Челичниот Мајк остана смирен и само го гледаше непознатиот. Обезбедувањето на Тајсон се обиде да го исфрли човекот, но тој извади пиштол и ситуацијата стана покомплицирана.

Луѓето почнаа да бегаат, а Тајсон мирно го повика човекот да дојде кај него. Легендарниот боксер покажа каков господин е и го прегрна потенцијалниот напаѓач покажувајќи дека му простува за неговото агресивно однесување.

Please follow and like us:
Pin Share