Екстра популарната, но мора да се признае и екстра згодна, македонска фолкерка Сузана Гавазова е долги години во среќен брак со бизнисменот од Шведска, Босанецот Јасмин Курузовиќ. Со него има две прекрасни девојчиња. Пред некој ден, тие го славеа неговиот роденден со роднините и со само неколкумина пријатели. Ништо спектакуларно со оглед на пандемијата што сè уште владее, па поради тоа и немаше поголемо собирање на луѓе.
Но, имаше таман толку колку што треба за роденденска журка. Скромна, но во фина атмосфера! Пејачката блескаше и велеше: – На овој прекрасен ден, се роди мојата љубов, мојот сопруг и татко на моите деца. Личност која секогаш стоеше до мене до крајот и никогаш не се сомневаше во каква било моја одлука. Човек со храброст, човек со искреност, добар сопруг, добар татко, совршен придружник. Јас сум најсреќната сопруга на светот. Те сакам и нека ти е среќен роденденот, да си ми жив и здрав, мој Јасмине!
Да се потсетиме дека кога влегоа во брак, Сузана и Јасмин направија гламурозна свадба во хотелот „Сириус“ во Струмица, за 400 гости, меѓу нив и медиумите, а главна пејачка ѕвезда им беше славниот Шабан Шаулиќ. Тогаш Сузе изјави дека најпосле „го живее својот сон“. Брачната двојка од неодамна гради куќа на брегот на Дојранското Езеро, со намера таму да живеат, но не сега, туку во иднина, како пензионери. Сега Сузана е свртена кон кариерата, а Јасмин кон бизнисот.

