Продуцентот конечно проговори за врската со Северина

Please follow and like us:
Pin Share

Продуцентот Филип Милетиќ неодамна се појави на ревијата на Стефан Ѓоковиќ во друштво на убавата манекенка Милица Бранковиќ со што им застана на патот на сите гласини кои кружеа за неговата наводна врска со хрватската ѕвезда Северина Вучковиќ.

Имено, веќе некое време во медиумите се шпекулира дека меѓу Филип и Северина има нешто повеќе од пријателство и соработка, која трае десет години, меѓутоа како што сега стојат работите, Филип е среќен во љубовта, а неговата девојка дефинитивно не е Северина.

Бидејќи пејачката и Милетиќ работат заедно, многумина нивната посветена соработка ја протолкуваа како интимност на приватен план, која ги надминува границите на професионализмот.

Јас и Северина сме големи пријатели и деловни соработници, ништо повеќе од тоа. Често се шегуваме дека медиумите нè поврзуваат, особено поради тоа што работејќи на нејзиниот нов албум, во последно време, поминуваме многу време заедно. Па како луѓето да не помислат дека сме во врска“ – изјави продуцентот.

Please follow and like us:
Pin Share