Една од најубавите турски актерки Ебру Шахин наскоро ќе ја круниса со брак својата долгогодишна врска со кошаркар од македонско потекло Чеди Осман.




Имено, како што пренесуваат турските медиуми, церемонија ќе се одржи на 25 јуни во местото Чешме, додека венчавката е закажана во септември 2022 година.
Ебру која стекнала слава во улогата на Рејхан во серијата “Дива“ неодамна предизвика одушевување меѓу балканската публика кога по повод роденденот на својот сакан на нивната заедничка фотографија на српски јазик напишала:




Ебру Шахин е турска актерка и модел. Таа го имаше своето кинематографско деби со филмот Кан Параси и имаше кратка улога во ТВ-шоуто İstanbullu Gelin.
Таа на македонската јавност е позната по улогата на Рејхан во тв серијата „Дива“.




Шахин е дипломиран спортски науки на Универзитетот во Истанбул, по што почнала да зема часови по глума.
Своето кино деби го имаше во 2016 година со улога во филмот Кан Параси. Таа го имаше своето телевизиско деби во 2017 година со споредна улога во ТВ серијата Савашчи.




Откако беше избрана за други споредни улоги во Истанбулу Гелин и Јасак Елма помеѓу 2017-2018 година, таа ја имаше првата главна улога во ТВ серијата ДИВА како Рејхан Шадоглу. За оваа улога, таа беше наградена со награда Златна пеперутка како најдобра актерка во 2020 година.




Малкумина знаат дека таа во приватниот живот е лудо заљубена во НБА звездата со потекло од Охрид, Чеди Осман. Чеди и Ебру минатата година во Кападокија го кажаат судбоносното ДА.




„Роден сум во Македонија, но играм за турската репрезентација. Затоа решив да ги ставам знамињата на двете земји на патиките, за да покажам дека ги претставувам двете држави. Сакав да им искажам љубов на двете земји, бидејќи знам дека имам поддршка таму“, изјави Осман.
Момчето на познатата актерка која се прослави со улогата во популарната турска серија „Истанбулската невеста“ во едно интервју зборуваше искрено за својата љубов.




„Ова беше најубавата работа во мојот живот. Бев многу возбуден и под стрec. Таа навистина е посебна, една и единствена“ вели тој за својата сакана.
„Тоа го знаев уште првиот ден кога ја видов. Прстенот го имам од минатата година, но дури сега собрав храброст да и го понудам“ вели тој.




„Тоа беше најубавата случка во мојот живот.“

Тој е роден во Охрид во 1995 година, а кошарка почнал да тренира во славниот клуб од БиХ, Босна. Поради турското потекло на татко му, Осман веднаш се здобил со турско државјанство кога во 2011 година се преселил во Анадолу Ефес.
Тој се пријави на НБА-драфтот во 2015 година, кога од Минесота беше избран во втората рунда како 31. пик, за веднаш потоа да биде префрлен во Кливленд. Со репрезентацијата на Турција има освоено две злата на младински европски првенства.
Ебру е неговата најголема поддршка и речиси на сите натпревари кои ги игра нејзиниот животен сопатник, таа е на требините.




Осман е роден во Охрид, Македонија, денешна Македонија од татко Турчин и мајка Бошњачка (од Нови Пазар, Србија). Тој има постар брат, Канер, кој исто така е кошаркар.
Тој започна да игра кошарка со младинските тимови на КК Босна во 2001 година.
Поради неговото татковско турско потекло, тој стана турски државјанин, според турските закони за право на враќање. Оттогаш тој ја претставува и машката кошаркарска репрезентација на Турција.
