Тајно се гледавме и кога беше во брак: ОВАА ЖЕНА е големата љубов на Здравко Чолиќ, тој и го посвети ГОЛЕМИОТ хит (ФОТО)

Please follow and like us:
Pin Share

Можеби најпопуларниот Балкански пејач, Здравко Чолиќ, му го подарил станот во кој израснал на својот пријател инвалид. Жителите на Сараево имаат само пофални зборови за Чолиќ.

Додека живеел во тој град, нималку не се истакнувал, ниту се правел важен иако уште тогаш бил мегапопуларен ширум регионот.

Таму бил се до почетокот на 90-тите, кога избувнале немирите, па со семејството се преселил во Белград.

Кога завршила вој ната, како што тврдат луѓето од Сараево, тој одлучил својот стан да му го подари на свој пријател кој останал инвалид поради повредите добиени во бо рба и кој останал без својот имот.

Тоа бил гест за која цела чаршија зборувала, а повеќемината уште се сеќаваат на настанот. Освен станот, пејачот во Босна поседувал и викендица. И нејзе ја подарил на едно семејство кое останало без кров над главата.

За својата великодушност Чолиќ, најголемата ѕвезда на овие простори, никогаш не кажал, но затоа жителите на Сараево се сеќаваат колку големо срце има Чола.

Љубовта на Здравко Чолиќ денес е неговата сопруга Александра, која не е експонирана на јавната сцена, но јавноста памети, како што пренесуваат медиумите, дека една актерка му го освоила срцето пред да се ожени со Александра.

Здравко Чолиќ е посветен на своето семејство, и тој го користи секој слободен момент да ужива во зеленилото на мирната област во која живее.

Тој сака да се релаксира со чаша вино и добар разговор, а соседите го опишуваат како вистински господин и домаќин.

Една од најголемите балкански sвезди, живее со сопругата Александар и ќерките Уна и Лара во елитниот, но и мирен дел од Белград, и тој се обидува да ја зачува приватноста на семејството во луксузната вила.

Здравко Чолиќ речиси 20 години ужива во хармоничен брак со сопругата Александра, со која има две ќерки, Уна и Лара.

За него е познато дека никогаш не сакал да го разоткрива својот приватен живот, па само во ретки прилики можевме да видиме како изгледале неговите придружнички.

Пејачот „за сите генарации“ штом се запознал со актерката Јасна Орнелa Бери во раните 1970-ти, веднаш се заљубил во неа, а дури 47 години подоцна, таа првпат проговори за нивната врска.

Имено, пејачот не проговори јавно за неговата наводна љубовна врска со Јасна Орнели Бери, туку еднаш проговори за нивната љубов која започнала во Сараево.

Во раните седумдесетти години, во Сараево, каде и двајцата живееле, се случила средба помеѓу Чола и неа и веднаш се ,,родила” љубов. Јасна ја сметале за една од најубавите девојки во Југославија и како што се пишувало во тоа време, љубовта кон неа и Здравко била искрена и голема. Јасна, исто така, посведочи за овој период, но само 47 години подоцна.

„Се запознавме како многу млади, беше одамна. Отидовме во Скендерија, Дом на млади, во која се собираа таленти, а немаше само музичари, туку и актери, сликари. Ние се дружевме и тоа е местото каде што за првпат се заљубив.

Сите имаме прва љубов и секогаш ќе имаме еден дел во срцето што е само резервирано за неа. Особено затоа што имав прекрасно искуство што ќе го паметам целиот живот“ – истакнала актерка за еден медиум.

– Дел од моето срце секогаш ќе биде резервиран за него. Се сретнавме за првпат по војната во Белград, тоа беше многу трогателна средба која никогаш нема да ја заборавам. Тој е фасцинантна личност и успешно ја одржува својата харизма и денес.

Пред се’, тој е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Ноќ ми те дугује“ која сам ја напиша – изјавила тогаш актерката во една емисија, пренесува „Курир“.

Сепак, Јасна изјави дека нивната врска не може да се опише , но дека оваа посебна љубов сè уште трае:

„Не можам да кажам дека се забавувавме или дека бевме во врска. Тоа беше посебен однос, кој трае и денес. Тоа и понатаму е љубов која не можете да ја помилувате и држите за рака. Здравко засекогаш ќе остане сечиј и ничиј“ – изјави Јасна во една емисија.

Денес, Здравко е во среќен брак со Александра веќе долги години, со кои ги има ќерките Уна и Лара, додека Јасна ја паметиме од филмовите „На путу“, „Грбавица“, „Нафака“, како и филмот „У земљи крви и меда“, кој го режираше Анџелина Џоли.

Please follow and like us:
Pin Share