Миа Костова: Да се извинам на овие што ќе им смета дека имам мислење и за бензинов – па возам кола, дизел

Please follow and like us:
Pin Share

Пред неколку дена, бензинските пумпи во доцните вечерни часови беа преплавени со возила во колони, кои чекаа да наполнат гориво, по шпекулациите дека ќе дојде до покачување на цената и дека ќе има недостаток на нафтени деривати.

Надлежните смируваа, дека нафтени деривати има доволно и нема да снема, па така, граѓаните да не се малтртираат да чекаат со часови во колони.

Сепак, она второто се случи. Цените на горивата од денес, драстично пораснаа.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, вчера ја информира јавноста дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на сите нафтени деривати на светските берзи бележат до сега незабележан рекорден раст кај сите нафтени деривати и тоа:

кај бензинот за 10,990 отсто, кај дизелот за 21,147 отсто, кај екстра лесното масло за 18,278 отсто и кај мазутот зголемување за 13,830 отсто.

Паралелно, во истиот период курсот на доларот во однос на сите светски валути зајакнува и во однос на денарот е зголемен за значителни 1,401 отсто.

Согласно овие податоци, РКЕ донесе одлука со која се вкалкулирани сите овие трендови, со што се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 10,21 отсто во однос на Одлуката од 28.2.2022 година.

Од 8.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 89,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 54,319 (денари/килограм)

„Споредбено со регионот, согласно последните достапни податоците од 6.3.2022 година (недела) во земјава Еуродизелот е со најниска цена и изнесува 1,388 евра/литар, додека во Србија изнесува 1,552 евра/литар, во Бугарија е 1,457 евра/литар во Албанија 1,616 евра/литар, во Грција 1,678 евра/литар и во Хрватска 1,497евра/литар, известија од Регулаторна.

Нашата позната инфлуенсерка, Миа Костова, на својот профил на социјалните мрежи, ги прокоментира новите цени на горивата:

„Да се извинам на овие што ќе им смета дека имам мислење и за бензинов. Прво, возам кола, второ дизел. Трето, марш у три лепе, ние ќе платиме здружено нафта до кај треба само да се макнете од фотељите у еден правец ако може.

Епидемија од депресија има благодарение на вас драги господа од влада, комисии и позиции. За тоа не заседава комисија ама заседава за вашите посрани маски во школо и уште шеги за точак да се фатиме. Точак а?

За самохрана мајка да речеме што мкне дете на 5 локации у денот и прима 2700 денари социјално? Точак и огин у дневна пошо струја е ко да му плаќаш на дете да учи у Нова. Огин, пола краставица и точак.

Најубаво. И минималец од 18.000. Пресметано во живот му доаѓа два пати маркет, струја и два резервоара. Вода не мора, сме нашле па сме зашле. Тутурутки сме, малце ни е.“

Please follow and like us:
Pin Share