Македонската фолкерка Адријана Ацевска, попозната како Адријана Кеш, објави фотографија на која во фокусот е прстенот што го носи на раката.
Taа на фотографијата напиша „Кажав ‘да’“, и ги израдува своите фанови.
Но под реченицата „Кажав да“, таа го додаде и следново:
„Кажав ’да’, на моите нови нокти“, укажувајќи дека сепак не се работи за прстенот, туку за новиот маникир.

Адријана е позната како жена што има храброст и сака да експериментира со својот имиџ. Таа денес важи за една од најзгодните пејачки на нашата фолк-сцена, а најмногу се прослави со песната „Кеш“.
За „мажачка“ очигледно ќе почекаме уште малку. Засега емотивниот живот таа го крие како змијата нозете.
