Лејди Гага за прв пат ги откри деталите за силувањето што го доживеала кога имала 19 години.
Таа зборуваше во документарецот „The Me You Can’t See“за ментално здравје .
Гага изјави дека ја силувал постар музички продуцент, по што останала бремена.
– Имав 19 години и работев во тој бизнис, а продуцентот ми рече: „Соблечи се“. Реков не. Тогаш само заминав и тој ми рече дека ќе запали се што сум направила. И тој не запираше. Не престана да прашува. Само се замрзнав, дури и не се сеќавам на сè – рече таа, додавајќи дека тој „ја оставил бремена на аголот“.
