Веќе се снимени првите 4 серии на музичкото шоу “ИмаТ немаТ” ,нешто ново во етерот следува за многу брзо .Ова шоу се разликува од другите по тоа што целото шоу е како еден вид на серија во која се глуми ама повеќе пее. Имено во ИН продукција е направена инпровизирана гостилница за потребите на ова шоу , домакин е познатиот шоумен Жанко зш,кој глуми нервозен Охридски келнер а гости се пејачите кои па се понашаат несекојденевно глумејки некои од нивните гости на нивните настапи .
За музиката е задолжена групата Чардак во проширен состав а режија на овај серијал е Ване Петкоски од ИН Продукција.Помагатели на емисијата се Етно ресторанот “Дедо димо” кој гостите ги почастува со специјалитети од нивната кујна и исто така покровител e и ИНТВ од Мелбурн.
Од ИН продукција најавуваат дека ќе бидат опфатени сите пејачи од Македонската естрада кои се вклопуваат во ова емисија и нема гостување по пријателска база, нит па некој да си плати гостување.
За тонот е задолжен Никола Кочановски со неговото студио
Премиерата на оваа серија ќе биде на Тв Сонце во недела во 21 00 , ИНТВ сателитска и по регионалните тв ширум Македонија ,очекувањата е да е една од водечките емисии во Македонија ,од ИН продукција најавуваат уште еден малку поинаков музички проект на кој течат подготовките .