
А на Далибор Ѓошиќ му треба малку одмор, по напорниот летен период. Веднаш по краткиот одмор продолжува со неговите ангажмани и обврски кои што ги носи оваа есен.
Доста работно беше ова лето, за познатиот пејач Далибор Ѓошиќ. При интервјуто за ИН ТВ тој вели дека веќе е време за малку одмор, па со нови сили ќе може да продолжи со ангажманите во есенскиот период.
-Премногу работно, премногу патувања. Навистина не се жалам, би сакал со ова да се пофалам, но мислам дека ми треба и малку одмор. Овој период, знаеме сите и јас и моите колеги дека премногу работиме и патуваме, доста и прелетавме преку Европа периодов така да малку ќе се стишеме со одмор и продолжуваме понатаму со нови сили и да очекуваме нешто ново затоа што веќе ми е време. Јас одморот го користам искрено три дена работам, еден ден буквално ќе киднам негде, па повторно морам да се вратам со моите ангажмани и обврски. Потоа повторно ќе заминам на ден-два и ете така функционирам јас моментално бидејќи имам премногу ангажмани, а подготвувам и премногу нови материјали за ова наредно полугодие од септември до Нова година и после Нова година исто би требало да се очекува и доста патувања.-раскажува Ѓошиќ за естрадниот магазин Естрада плус.
Покрај многубројните настапи кои што ги има периодов, Далибор успеа да најде време за да настапи на “Лешочки Фолк фест”, каде што ја отпеа неговата авторска песна “Љубов голема”.