
Неговите работни ангажмани се бројни преку целата година. За него не важи девизата дека треба да дојде лето за да се преработи, туку напротив постојано е баран насекаде. Мега популарниот Благојче Стојанвски Туше, летниот период е буквално без застој и успева да стигне на сите места.
-Полна е агендата. Одбирам каде ќе бидам. Можам цело лето да бидам зафатен секој ден но повеќе сакам да поминувам време со фамилијата, тоа ми е приоритет, а потоа другото. Досеа бев доста зафатен, сега и во август имам доста свирки, истакнува Туше.
Следниов месец, во септември Благојче заминува за Данска и од таму заминува за Австралија.
-На 7ми заминувам за Данска, ќе останам 2-3 дена таму и на 10 заминувам за Австралија, каде ќе останам две недели и на 23 септември сум назад во Македонија, додава Туше.
Туше открива и тоа дека и оваа година неговиот Новогодишен ангажман ќе биде повторно во Австралија.