Неодамна во рамките на емисиите на ИН тв, младиот Блаже Билбиловски ја промовираше својата втора нова авторска песна насловена “Божица”. Посебно за нагласување е тоа што и покрај неговите бројни работни ангажмани, тој успеа да ја заврши и промовира оваа песна, бидејќи како што истакнува токму во овој период течат неговите постојани настапи особено во скопскиот дел.
-Свирење имаме насекаде. Од типот на приватни забави до телевизиски настапи и ред други работи. Кога зборуваме за свирки, народски кажано тезги имаме најчесто низ Скопје и најчесто тие прослави се од приватен тип. Секако тука се и другите свечености, свадби, веридби, родендени и такви збиднувања, истакнува Блаже.
Следно што најавува Блаже по летниот период, од месец цептември, ново музичко парче, односно нова песна. Како што додава, нема да го менува стилот на песн, односно и новата ќе биде од поп жарн.
Тој жарн мене ми е омилен, поп-фолк, со што би снимиле уште едно такво музичко парче. Додава Блаже.
