Наскоро ново тројно ЦД од легендата на македонската песна Благица Павловска

Please follow and like us:
Pin Share

Својот максимален музички напор го имаше во деведесеттите години кога испеа и остави трајни хитовски рефреникои и денес се паметат но и препејуваат од помладата публика. Сега, легендарната Благица Павловска, како што знае да каже својот живот го минува максимално реклаксирано со бројни настапи каде што е барана.

-Од музиката не се откажувам. Од песната не се откажувам, што значи дека имам доста песни снимено што не се ставени на носач на звук. Всушност тоа и планирам, да се направи комплет од 3 цедеа. Едни ќе бидат помодерни, други ќе бидат помакедонски, во некој ќе има изворни стари македонски песни. Одамна не сум издала ЦД и верувам дека ова ќе биде поатрактивно, побогато со повеќе песни. Чувствувам потреба дека постојано луѓето каде што ќе ме сретнат бараат нешто ново и бараат ЦД едноставно, но бидејќи на јутјуб можат да дојдат до секоја моја песна. Сепак мислам дека тоа ново ЦД е потрбно да го извадам сега, пред да заминам на турнеја во Австралија.

Помеѓу другото Благица оваа година ќе ја оствари и својата голема австралиска турнеја која ќе биде кон крајот на годинава.

-Овој пат Јордан има чест да оди со мене. Одиме заедно со Јордан Митев, некаде крајот на септември, октомври би биле таму. Очекувам дека ќе биде супер, одамна не сум била во Австралија, истакнува Благица.

Благица неодамна беше дел од големиот хуманитарен концерт кој се одржа во селото Кривогаштани, прилепско.

Please follow and like us:
Pin Share