Драган и Блаже во заедничка музичка соработка

Please follow and like us:
Pin Share

Младиот и мошне музички талентиран Блаже Билбиловски со успешни чекори гази на македонската музичка естрада. Тој во најава истакнува дека подготвува нова песна која ќе биде во латино поп стил. Повеќе детали за песната открива низ разговорот неговиот музички соработник Драган Матески од групата “Фаворити” од Гостивар.

-Во однос на тоа ќе се обидеме да ја сочуваме латино ритмиката, хармонската линија во тематски традиционално, со мкаедонски текст и амбиент. Песната ќе биде пожива и поигрива, ќе биде на средината помеѓу фолк и поп тема, она што е тренд во последниве години. Она што е модерно и прифатливо од младите. Да биде прифатена и во младата и во повозрасната публика. Ќе се обидеме максимално да ја испромовираме таа песна, а најверојатно за неа ќе оди и еден спот и тоа ќе ни биде показател за што следно би можеле да работиме со него, истакнува Драган.

Започнатата соработка помеѓу Блаже и Драган секако ќе продолжи и понатака, со оглед на тоа што станува збор за искусен и реномиран музичар како што е Драган и голем музички талент и вљубеник во музиката како што е Блаже.

Please follow and like us:
Pin Share