Лепа Брена и Боба Живоиновиќ донеле одлука да ја продадат вилата на Бежаниска коса, а сумата што ја бараат за неа е 2 милиони евра.
Фолк ѕвездата и поранешниот тенисер вилата ја имаат од 90-те години на минатиот век, но таа за нив сега станала преголема. Филип и Стефан Живоиновиќ веќе се отселиле, а и другиот нивни син Виктор планира да започне да живее под сопствен покрив.
По желбара на Брена, наводно парот ќе купи нова куќа на Дедиње или Сењак, бидејќи тој крај отсекогаш ѝ се допаѓал.
„Желбата на Брена и порано беше да се пресели на Дедиње или Сењак, повеќе ѝ се допаѓаат тие делови од градот. Сега е идеална прилика да го исполни својот сон. Новата куќа што ќе ја купат ќе биде многу помала, не повеќе од 300 квадрати“, раскажал изворот.
