Фамилијата на прво место за Гоце Петрески Бананата

Please follow and like us:
Pin Share

Луѓето се желни за музика и секогаш сакаат да слушнат нешто ново, тврди реномираниот музичар Гоце Птерески Бананата кој зад себе има голем музички опус и бројни хитови кои и денес се препејуваат. И покрај тоа што преку дваесет години живее и работи во далечната Австралија, Гоце е во постојани работни ангажмани.

-Имаше доста работа. Презадоволен сум што работам со музика таму, се занимавам со тоа цело време. Еве и празнициве поминаа доста активно и сега кога се враќам назад продолжува тоа со едно исто темпо како што си било и порано, истакнува Гоце.

Со оглед на неговите бројни работни ангажмани, многу малку време останува да се помине со семејството, но сепак како што истакнува Гоце мора да се одвои време да се посвети внимание на ќеркичките и сопругата.

-Време никогаш нема, но време се прави. Јас пробувам да направам време за фамилијата, бидејќи приоритетите се тие први. Прво дечињата, сопругата, фамилијата, така да пробувам да направам некој баланс. Колку сум успешен, не знам но сепак фамилијата ми е на прво место. Прво гледам за нив. Едно е што треба да донесам дома, друго е тоа што сум го донесол да го споделам и да го доживеам со дечињата, додава Гоце.

Периодов Гоце промовираше нова песна “Клеопатра” а исто така го промовираше и новиот видео материјал со препеани негови големи хитови од деведесетите години, песни кои оставија длабока трага во македонката музика.

Please follow and like us:
Pin Share