При гостувањето во ИН продукција Благојче Стојаноски Туше изјави дека има голема желба но и планови за во иднината да го земе својот колега но и сега веќе кумашин Ташко Карамфилоски, на негови настапи и турнеи во далечната Австралија. Туше има во план да го земе Ташко за новата година во австралија.
-Ташко ми е во прв план за новата година. За мене е многу лесно поради тоа што имам австралиско државјанство и пасош, но оваа година ќе сторам напори да дојде со мене за да настапиме заедно за новата година и да ја осети таа атмосвера како е да се дочека нова година во лето.
Поркрај новогодишната забава Туше планира во иднината да настапува на повеќе концерти и турнеи заедно со Ташко.
