Песната “Мајсторе, Мајсторе” ја препеа и познатата фолкерка Слаѓана Столеска. Таа воедно најавува и видео запис којшто ќе го реализира во најскоро време заедно со ИН Продукција.
Атрактивната фолк пејачка Слаѓана Столеска, ја почести својата публика со нова преработка. Станува збор за безвременскиот хит од Петранка Костадинова, “Мајсторе, Мајсторе”, кој што таа го претстави во студиото на ИН Продукција.
-Една стара убава македонска песна од Петранка Костадинова. Мислам дека е прекрасна, весела, убава песна, па ете сакав повторно да ја оживеам.-истакна Слаѓана Столеска.
Слаѓана за следниот период најавува и снимање на видео запис за оваа преработка, кој ќе биде во соработка со ИН Продукција.
-Ја одбрав поради ритамот и имам замисла да направам еден интересен спот со млади дечко и девојка кои што се заљубуваат еден во друг, а јас да бидам само настрана. И така имав идеја, најпрво за спотот, а потоа за песната. Така да, мислам дека ќе го реализирам сето тоа. Планирам еден убав спот да направам за брзо време.-додава пејачката.
Таа се надева дека нејзината изведба ќе и се допадне на јавноста и очекува песната да биде вртена по телевизиите и радијата низ земјава.