Адреналин бенд настапуваат низ цела Македонија, а најчесто во Скопје. Тие во моментов се во преговори и за настап на Дочекот за Нова година.

Доста млади, но искусни музичари. Такви се момците од Скопскиот Адреналин бенд. Секој момент го користат за снимање на нешто ново, но не изостануваат и нивните настапи низ локалите, а веќе стануваат се побројни.
-Настапуваме претежно низ цела Македонија, но почесто во Скопје. Не сме стационирани на едно место, со различни датуми, може да не следат на социјалните мрежи фејсбук и инстаграм, Адреналин бенд Скопје и ќе видат каде што и како се движиме и настапуваме.-истакна Филип, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Бендот во моментов е во преговори за настап на најлудата ноќ, односно Дочекот на Нова година, но сеуште не одлучиле каде точно ќе бидат, додавајќи дека тоа ќе го откријат во најскоро време.
-Има веќе преговори и предлози. Сега сме во еден период на прашалници, дискусии и дилеми каде да бидеме. Мислам дека за брзо време ќе знаеме каде ќе гостуваме и ќе им откриеме на гледачите.-открива Ивица Лазаров.

Адреналин бенд деновиве во соработка со ИН Продукција снимија видео проект за нивните најнови кавери. Како што велат тие, станува збор за песни наменети за сечиј вкус.
