
Младата фолк дива Елена Јовческа со една поразлична песна. Елена направи одлична преработка на турската стара песна “Карабиберим” при што ја испеа и донесе на еден мошне специфичен и својствен начин за неа. Како што појаснува ваквата обработка се должи на една нејзина посета во Турција и соработка со нејзин близок пријател.
-Бев во Турција. Таму бев повикана на фестивал, меѓутоа имам доста свадби кои што се торбешки, не се наши. Пееме таму на македонски јазик , српски и на турски. Кога седев со еден мој драг пријател , Јусуф, ми даде идеја да испеам некоја турска песна. Испеав една многу убава позната турска песна “Карабиберим” , која што е љубовна. Се опишува како дечкото ја сака многу девојката и како сака да биде со ена. Во самата песна се зборува, да наздравиме, да бидиме заедно, да славиме заедно, така да ја испеав и се надевам дека ќе и се допадне на публиката, истакнува Елена.
Станува збор за кавер верзија во живо. Песната е снимена во студиото на Никола Кочанковски-Кочан а муиката ја свири Емран. Елена открива дека една недела и било потребно за да ја спреми оваа песна, бидејќи како што вели воопшто не е лесно бидејќи турскиот е доста карактеристичен јазик.
-Ми требаше една недела буквално секој ден пеење за таа песна, да излезе онака како што треба како што е моментално, за да бидат правилно изговорени зборовите, за сето тоа да биде како што треба. Не е само да излезеш и да испееш па да има грешки во изговорот. Ја пратив да ја проверат и ми кажаа дека песната е бомба, вли Елена.
Елена и за престојниот есенски период најавува бројни работни ангажмани на музички план и новитети за кои ќеоткрие во следна прилика.