Црквата Света Недела гордост на македонците во Голд Кост

Please follow and like us:
Pin Share

Младиот и нов управен одбор од црквата Света Недела од Голд Кост , ги поканува сите верници ирум Австралија да дојдат и да ја посетат прекрасната црква Света Недела. Црквата во последната година активно се привршува со градењето а со тоа ќе се стигне и до последната посакувана цел.

-Нас секако ни претставува големо задоволство да ве пречеаме и заедно сите да ја шириме и чуваме наата христијанска религија и исто така и македонска традиција. Се надеваме дека за скоро време ќе стигнеме до наата посакувана цел и ќе ја видиме црквата во светло како што заслужува и доликува. Голема благодарност до сите кои што дојдоа и ја посетија нашата црква и се надеваме дека во иднина повторно ќе се видиме, велат од црковниот одбор.

Притоа се покануваат сите македонци на предновогодишна забава во црковната сала со групата “Молика” на 23 декември во недела со почеток во 12часот, како и на голема Божиќна забава на 7-ми јануари со групата “Маестрал” со почеток од 12 часот.

Подетални информации може да се добијат кај Лазе на телефон 0422 863 154 и Слободан 0415 573 755.

Please follow and like us:
Pin Share