
“Арена бенд” се презадоволни од нивното најново музичко парче за кое снимаа и видео запис, а тоа е песната “Mајка”. Задоволството за остварената соработка не го криеше ни Саше, член од бендот кој истакна дека се презадоволни од целосната реализација.
-Одлично се одвиваше и снимањето а и брзината за времето кое беше потребно да се склопи спотот и да излезе во јавноста и на интернет. Презадоволни сме и од соработката и од снимањето и од самиот спот, кој е одличен о сите нишани и замисли кои ги имавме претходно, звучи и изгледа онака баш како што сакавме да звучи и изгледа. Огромна благодарност до вас, истакнува Саше.
Во целокупниот спот е пренесена една приказна која се доловува како со самиот амбиент, така и со сите статисти кои се вклопуваат во него.
-Очекувавме снимањето на спотот да трае подолго , бидејќи се работеше со снимање со дечиња, ама можам да кажам дека позитивно не изненадија тие дечиња. Глумеа сосема професионално, за нивната возраст дури тоа беше едноставно за неверување кај нас. Завршивме многу брзо и што е најбитно успешно. Се излезе онака според нашата замисла, додава Саше.
За периодов кој следува момците од “Арена бенд” најавуваат и бројни приватни веселби, впрочем како што најави Саше им преостануваат уште само десетина свадби од есенскиот дел а потоа најавуваат и некои новитети на музички план.